Како да играм одговорно?

Неколку клучни совети кои ќе ви помогнат одговорно да играте игри
на среќа

  • Третирајте го играњето игри на среќа како извор на забава, а не како извор на приходи – Многу е мал бројот на луѓе кои заработуваат за живот од играње игри на среќа, затоа игрите на среќа треба да се сметаат за извор на приходи.

 

  • Никогаш не се обложувајте надвор од вашите можности – Играјте игри на среќа само со одредена сума на пари што можете да си дозволите да ја изгубите. Никогаш не се обложувајте со пари што ви се потребни за кирија, сметки, храна или други потреби.

 

  • Однапред поставете лимит за пари кои планирате да ги потрошите – Доколку се обложувате или посетувате казино, не надминувајте го лимитот што го имате поставено. Доколку имате профит, тоа е одлично. Но, не надминувајте ја однапред одредената сума ако среќата не била на ваша страна.

 

  • Никогаш не пробувајте да ги надокнадите загубите – Ова може да предизвика да дејствувате нерационално и да претрпите поголеми загуби.

 

  • Обидете се да правите паузи помеѓу играњето игри на среќа – Доколку загубите, заминете си, направете пауза, па доколку продолжите со играње продолжете со чиста глава. Доколку не правите пауза, лесно може да ја изгубите перспективата играјќи игри на среќа, затоа паузите се клучни.

 

  • Не играјте игри на среќа доколку имате пиено – ова може негативно да влијае на вашето расудување и да ја наруши вашата способност да донесувате разумни одлуки.

 

  • Не играјте игри на среќа доколку сте депресивни, лути или вознемирени – ова исто така може негативно да влијае на вашата способност да донесувате јасни одлуки.

 

  • Погрижете се игрите на среќа да не се ваше единствено хоби – балансирајте со други хобиа.

 

  • Не дозволувајте игрите на среќа да влијаат на секојдневните обврски – Никогаш не прескокнувајте ја работата за да играте игри на среќа и не дозволувајте ова да влијае на вашите односи и вашиот семеен живот.

 

  • Побарајте помош доколку играњето игри на среќа почнува да ви претставува проблем – Бесплатно советување секој работен ден, 8-20ч – 072 809 809

Како функционира играњето игри на среќа?

Играњето игри на среќа е возбудлива и пријатна форма на забава за милиони луѓе ширум светот. Огромното мнозинство луѓе играат игри на среќа на безбеден и одговорен начин, и се способни да ја задржат контролата над своето играње.

Сепак, истражувањата сугерираат дека 0,5 до 3% од играчката популација се вовлекува во шема на проблематично играње игри на среќа и тоа има штетно влијание врз тие играчи.

Затоа од витално значење е да се разбере како да се биде одговорен играч на кој овој тиб на игри се се играат строго за забава.

Сите права задржани © 2024 Играј Одговорно