Препознајте го проблематичното играње игри на среќа

Спортското обложување, играње на слот апарати, интернет игри на среќа и казино игри може да бидат возбудлива забава. Сепак, брзо може да преминат од забавна, безопасна форма на забава во нездрава опсесија која има сериозни последици. Секој може да развие проблем со играњето игри на среќа, без разлика на возраста, полот или финансиската состојба.

Луѓето со ваков проблем често чувствуваат потреба за континуирано обложување и играње, и покрај штетните, негативни последици што тоа ги предизвикува. Некои чувствуваат неконтролиран импулс за играње игри на среќа и не можат да се одлучат да престанат.

Предупредувачки знаци кои укажуваат на компулсивно играње игри на среќa

  • Незнаете да престанете со игра додека сте во добивка. Се чувствувате принудени да продолжите да играте се додека не ги потрошите сите ваши пари.

 

  • Трошите повеќе време и пари на игри на среќа отколку што можете да си дозволите.

 

  • Станувате таинствени за вашето играње игри на среќа.

 

  • Се расправате со пријателите, семејството или колегите за пари и игри на среќа.

 

  • Губите интерес за вашите активности и интереси. Се оттуѓувате од пријателите и семејството.

 

  • Занемарување на вашата работа, образование или домашни обврски.

 

  • Сакате да ги надоместите вашите загуби и играте игри на среќа во обид да се извлечете од финансиски проблеми.

 

  • Неплаќање кирија или сметки.

 

  • Треба да подигнете кредит од банки, или да позајмите пари од пријателите и семејството или да го продадете вашиот имот за да ја финансирате вашата навика за играње игри на среќа.

 

  • Постојано размислување за играње игри на среќа и зборувате за тоа.

 

  • Често се чувствувате депресивно, раздразливо, луто, вознемирено или нервозно.

Како да препознаете зависност од игри на среќа кај луѓето што ви се блиски

Нешто повеќе за зависноста од играње игри на среќа

Играњето игри на среќа може да предизвика сериозна зависност. За некои тоа обезбедува бегство од реалноста и предизвикува чувства на емоционална награда и слични реакции кои знаат да се манифестираат како пиење алкохол, пушење тутун, употреба на дрога или вежбање.

Истражувањата покажуваат дека зависноста од играње игри на среќа може да биде наследна. Значи, ако некој член на семејството имал зависност од игри на среќа, поголеми се шансите детето да го следи истиот пат како возрасен. Затоа препорачливо е таа личност да не биде изложена на игри на среќа.

За некои, играњето игри на среќа не е погодно, исто така и другите активности што предизвикуваат зависност се ризични за овој тип на лица. Изложеноста од  активности и супстанции кои предизвикуваат зависност, секогаш ќе имаат негативно влијание без оглед на разумните пораки, образовните алатки и другите достапни ресурси.

Важно е да се разберат предизвикувачите на оваа зависност, да се дешифрира потребата од едноставна забава и да се знае зошто и кога луѓето играат игри на среќа и за која цел.

Способноста да се контролираат импулсите и реакциите на насочените маркетинг пораки, да се користат разумни практики и да се бара помош доколку е потребно е клучна во многу аспекти од животот. Играњето игри на среќа не се разликува во тој аспект.

Сите права задржани © 2024 Играј Одговорно