Психо-социјална поддршка на лицата зависни од игри на среќа и нивните семејства

Генерална цел: Помош на Република Северна Македонија преку намалување на бројот на  зависници од игри на среќа.

 

Цел на проектот:Психо-социјална заштита  и поддршка на лицата со проблематично играње на игри на среќа, зависност од  играње на игри на среќа  како и нивните семејства и партенри, за подолготрајно одржување на апстиненцијата, за подобрување на квалитетот на семејното функционирање, а со тоа и квалитетот на опшествено функционирање .

 

Опис на проектот: Семејствата кои имаат проблем со член кој е зависен од различни видови игри на среќа имаат потреба од помош, поддршка и прифаќање,

  • Здружението на Клубови веќе работи со зависници од игри на среќа и со нивните семејства. Тоа е светски прифатен и најадекватен начин на третман на зависниците, се спроведува најблиску до местото на живеење, со продолжување на работните обврски и без изолирање од семејствата.   

 

Активности: Идентификација на лицата  кои имаат проблем поради развиена зависност од различни видови на игри на среќа,

 

  • Медиумско информирање за подигање на свесноста и чувствителноста на пошироката општествена заедница за оваа проблемарика преку изготвување на печатен материјал лесно достапен за општата популација, учество на медиуми…
  • Работа на советувалиште за проблеми предизвикани од различни видови игри на среќа каде покрај советување би се спроведувале и индивидуална и групна работа со цел промена на слабите адаптивни способности, развивање на социјалните вештини за јакнење на самодверба,
  • Едукативно тематски активности- семинари, советувања на лица заинтересирани за работа во Социотераписките клубови (терапевти и волонтери),
  • Психосоцијална подршка на лицата штитеници на КПУ Идризово кои имаат проблеми со зависност од играњето на игри на среќа за нивна подобра ресоцијализација и реинтеграција во заедницата по завршување на казната. Со овие лица е работени и изминатава година преку организирање на индивидуални советувања како и предавања организирани од страна на психијатар од нашето здружение.
  • Телефонска-линија за прифакање на повици и пружање помош на лица кои имаат проблеми предизвикани од различни видови игри на среќа како и нивните семејства
  • Формирање на групи за помош и самопомош , односно на Клубови на лекувани зависници од различни видови игри на среќа во правец на нивна рехабилитација.
  • Интерактивни работилници
  • Организирање на трибини и предавања за едукација и превенција на младите
  • Спроведување на анкета помеѓу младите за интересот за играње на игри на среќа во 5 града во РСМ(Куманово,Велес,Радовиш,Гостивар и Струмица) со која ќе бидат опфатени 1000 ученици од средно образование
  • Подготовка на прашалник за анкетата,статистичка обработка на пополнетите прашалници и подготовка, анализа и печатење на добиените резултати со натамошни препораки

 

  1.    Дефинирање на проблемот:
  • Постојат податоци кои укажуваат дека во Република Северна Македонија има пораст на лица  зависници од  различни видови игри на среќа од кои многу мал дел се јавуваат за лекување. Од нив, скоро сите имаат нарушени релации во семејството, така да им е потребна организирана помош која може да јадобијат од нашите терапевти кои се едуцирани за работа со овие лица  како и од долгогодишни апстиненти кои веке го надминале проблемот.

 

  1. Очекувани резултати:
    • стекнуваат увид во проблемот предизвикан од злоупотреба на игри на среќа
    • рано детектирање на проблемот од страна на семејството или партнерот
    • Семејствата навреме бараат стручна помош
    • Клубовите на лекувани зависници се лесно достапни за пружање на адекватна помош на семејствата
    • Формирањето на организирана мрежа од Клубови на лекувани зависници ќе направи почеток на развивање на можност за сеопфатно опфакање на проблемот со злоупотреба на игри на среќа и ќе биде oд голема помош за подобрување на квалитетот на живеење на опшеството преку подобрување на квалитетот на семејното функционирање.

 

  1. Насоки на дејствување:
  • Отварање на Социо-терапевтски клубови за прифаќање семејства со проблеми заради злоупотреба на коцка/игри на среќа. Работата на Клубовите ќе се одвива во попладневните часови, два пати неделно во траење од 60 мин, во простории кои се лесно пристапни- во  Дом на хуманитарни организации “Даре Џамбаз” – Скопје согласно мерките на владата за заштита од КОВИД 19 во помали групи
  • Отпочнување на медиумска кампања за подигнување на општествената свест во однос на злоупотребата на игри на среќа.
  • Информирање на населението со посредтво на локални радио и ТВ медиуми, за проблеми предизвикани од злоупотреба на игри на среќа
  • Изготвување и дистрибуција на печатени материјали, како што се летоци и брошури на пристапен јазик со јасни и кратки информации
  • Поддршка на советувалишта за проблеми предизвикани од злоупотреба на игри на среќа кои ќе функционира секој работен ден од понеделник до четвртокк од 14 до 18 часот.
  • СОС телефонска линија за проблеми предизвикани од    злоупотреба на игри на среќа која ќе биде достапна 24 часа /7 дена во неделата а на истата ќе работат едуцирани советувачи.
  • Организирање на индивидуални советувања во КПУ Идризово еднаш неделно на штитениците кои имаат проблеми со проблематично играње на игри насреќа но и зависност од истата.
  • Едукативни работилници за проблеми предизвикани од злоупотреба на игри на среќа со просветните работници како и вработени во центрите за социјална заштита.
  • Вклучување на барателите на помош во Социо-терапевтските клубови каде подолгорочно ќе добијат помош и поддршка и конкретно ќе се научат како да се справат со проблемот.

 

  1. Оценување:
  • Активностите ке бидат следени со тимска работа од страна на сите вклучени во проектот со заедничко планирање на активностите, со регистрирање на секој телефонски повик и интервенција во советувалиштето.

Ќе биде правена евалуација на постигнатите резултати преку наративни извештаи за работата.

Сите права задржани © 2024 Играј Одговорно